Патот напред е потврден. На опасноста ѝ кажавме јасно НЕ, рече Заев!

Објавил: Владо Марин | 16 јули, 2020 9:21

ЗАЕВ: Граѓаните гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност и за економски патриотизам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на вчерашните избори. Тој рече дека граѓаните вчера одбрале да продолжи висинскиот пат на земјата.

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.

„Успеавме народе мој, со предност од над три мандати над ВМРО-ДПМНЕ, со можност на уште 1-2 повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалиција.

Според неофицијалните резултати СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 34.85.

Волјата на народот се потврди! Победуваме! 

Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда – излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден. На опасноста ѝ кажавме јасно НЕ!

Нека е честита победата, да живеат граѓаните, да живее Македонија, рече Заев во вчерашното обраќање!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести