МВР ги следеше индикациите за Груевски како висок функционер, но не смееше да превземе било какви незаконски дејствија за што ќе добиеше осуда и линч од медиумите, граѓаните, порача Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 22:35

ЗАЕВ: „Груевски пред да побегне во Будимпешта си џогираше покрај кејот на Вардар„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Груевски диктираше пресуди и кој да биде судија по телефон, се боревме тоа никогаш да не се повтори, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ24.

Премиерот Заев во вечерашното гостување во Отворено на 24ТВ, рече дека владата нема доказ за било каков пропуст на МВР за бегството на Груевски.

Доколку имаше доказ дека има вина јас ќе реагирав. Во спротивно доколку МВР преземеше нешто во неговиот личен приватен простор ќе значење кршење на основните човекови права. – рече Заев.

Претседателот на Владата на РСМ Заев додаде дека успехот на Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес е и успех на ЕУ, која треба да продолжи да ги прави реформите внатре, но и да го држи процесот отворен.

Премиерот во вечерашната емисија напомена дека МВР ги следеше индикациите за Груевски како висок функционер, но не смееше да превеземе било какви незаконски дејствија за што ќе добиеше осуда и линч од медиумите и граѓаните.

„Ги поставуваме принципите на институционална посветеност на целиот обвинителски систем во земјата. Не смееме заради политички интереси да се доведеме во ситуација да дадеме амнестија за криминални дејанија кои биле започнати. Опозицијата бара да запрат постапките и да се поништат доказите“, рече премиерот Заев.

На тоа прашање Министерката за правда Рената Дескоска се надоврза и рече дека работата на СЈО треба да се поддржи со нова законска рамка бидејќи даде резултати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.