Поранешниот премиер на државата изрази уверување дека може да се донесе ова законско решение. Тој повтори оти се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 14:31

Заев: Да не се надминат црвените линии- да се донесе Законот за Јавно обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека почнал да разговара и се труди да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за носење на Законот за јавно обвинителство.

– Ќе бидам среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ни се придружи и го олесни патот за негово донесување, но верувам како општество, како држава, како Парламент треба до 11 февруари – денот пред распуштање на Парламентот да се обидеме да гласаме за законот. Тоа би била важна работа завршена за граѓаните и пред се силна алатка и инструмент на европскиот комесар, за земјите-членки на ЕУ на идните состаноци на Европскиот совет, за донесување на толку долго очекуваната одлука за датум за почеток на преговорите, подвлече Заев на прес-конференција во партиското седиште.

Поранешниот премиер на државата изрази уверување дека може да се донесе ова законско решение. Тој повтори оти се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство.

– Ние сме подготвени да одиме се дотаму додека тоа е дозволено согласно нашиот правосуден систем и рамката што ја носи Европската Унија, а тоа значи политичарите да не бираат обвинители, тоа значи дека не смееме да дозволиме одредени критериуми ради желба на политички партии дали се од власта или од опозиција да ги надминат црвените линии дозволени со европската регулатива. Тие законски решенија се дел од пакетот судски реформи, но и се дел на она што значи адаптирање на Северна Македонија со европската легислатива во областа правосудство, истакна Заев.

Тој рече дека доколку е потребно за ова да се разговара и на лидерска средба. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести