Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 13:45 часот, му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.

Објавил: admin@magazin | 3 јануари, 2020 14:04

ЗАЕВ ЗАМИНА ВО НЕПОВРАТ : Пендаровски му го подари мандатот на Оливер Спасовски(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска во согласност со член 43 од Законот за Владата, му го врачи мандатот за формирање нова влада на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 13:45 часот, му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.

Собранието на Република Македонија денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Се очекува до полноќ Собранието да ја изгласа техничката Влада, која ќе ја предводи Оливер Спасовски и која од утре, па во следните сто дена треба да ги организира предвремените избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.