Премиерот Заев посочи дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од КОВИД-19, но тоа веќе нема да може да злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.

Објавил: Перо Милчин | 22 мај, 2021 13:26

Заев за „Коха“: По две децении граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа“, истакна претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“.

Премиерот Заев посочи дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од КОВИД-19, но тоа веќе нема да може да злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.
 
Воедно претседателот на Владата Заев нагласи дека е нереално во отсуство на квалитетни концепти и стратегии од најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, таа да формира поголемо парламентарно мнозинство од актуелното, особено што досега преку користењето на деловничкото право да се поднесат илјадници амандмани само ја кочеа работата на Парламентот особено во Комисии каде што претседател е од опозицијата или слично, а тоа не се решава со нови парламентарни избори есента.

Сега ни претстојат локални избори, многу важни избори за градоначалници и советите во општините. Исклучително значајни за животот на граѓаните, бидејќи секојдневното функционирање во огромен процент е врзан со општината. Под надлежност на општините се школите, градинките библиотеките, пожарните, комуналните претпријатија и нивното квалитетно функционирање е многу важно за секојдневието на граѓаните“, посочи премиерот Заев за весникот „Коха“.
 
Во однос на локалните избори тој истакна дека СДСМ ќе продолжи да ја негува отвореноста кон сите етнички заедници и градењето коалиции, бидејќи на ваков несебичен начин делејќи ја власта се добива во квалитет и таа станува подемократска.

„Лани ја направивме првата целосно мултиетничка коалиција со Движењето БЕСА, којашто влезе со нас и веројатно заедно ќе одиме на овие избори. Ќе направиме сè да одиме заедно како и со нашите други коалициони партнери, дали тоа ќе биде во втор круг или во прв круг зависи од кандидатите“, истакна претседателот на Владата Заев и додаде дека тоа е многу логично, природно и демократски.

Премиерот Заев истакна дека на локалните избори најважен е квалитетот на кандидатите кои ќе се понудат на граѓаните и затоа следува период на сериозни истражувања и анализи, теренски анкети со луѓето со цел да ни кажат што е најдобро, бидејќи тие кои ќе бидат поставени ќе им служат на граѓаните.
 
Тој посочи дека очекува успешни локални избори, пред сè демократски, фер и чесни и верува дека понесената победа ќе биде дополнителна потврда дека се движиме во вистинскиот правец, да се подобруваме и да им служиме на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...