ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 април, 2019 10:38

“Заев и Пендаровски се фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев и Пендаровски се во паника. Свесни дека губат во недела, посегнуваат по тоа што единствено го знаат, криминал и измами. Заев и Пендаровски се фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните,стои во соопштението на ВМРО.

Како што веќе објавивме, веста за бришењето на доказите од аферата Големото Око ја крена елата јавност на нозе.

Јавното обвинителство молчи и со тоа создава огромен сомнеж дека власта го користи овој момент за прикривање докази.Доказ дека СДСМ брише докази е фактот што после обелоденувањето на аферата „Големото око”, апликацијата веднаш беше повлечена, па потоа вратена, а кружат информации дека е сменет и серверот на кој биле складирани украдените лични податоци.

Завчера во живо на Твитер можеше да се забележи како се менуваат хард дисковите во серверот на СДСМ за кои постојат сериозни индикации дека складираат лични податоци на граѓани преземени со апликацијата „Избори 2019 година“, подготвена од Социјалдемократскиот сојуз, обвинува Шефот на изборниот штаб на Гордана Силјановска Давкова, Горан Момировски.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите, нарачателите и извршителите на овој скандал што треба да заврши со узурпирање на волјата на граѓаните.  Очекуваме дека освен нарачателите, оние кои го осмислиле и оние кои го реализирале ова навлегување во приватноста и крадење на лични податоци, пред правдата ќе одговараат и оние кои помагаат да се сокријат трагите,стои во соопштението.

Сите инволвирани треба да знаат дека ваквите дела не застаруваат. Одговорност за ова ќе има.Ова афера е само доказ како функционира СДСМ, криминогено.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за криминалот. Република Македонија мора да тргне напред. Државата бара право и правдина. Во недела да излеземе и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова. За правда во Македонија,посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести