Од партијата додаваат дека и бебињата и пензионерите и вработените и невработените, секој поединец ќе треба да враќа по приближно 20 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2019 11:24

“Заев и Тевдовски да одговорат каде завршуваат милионите кои секој месец ги земаат”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани по 2,5 милиони евра секој ден. И празник и делник Зоран Заев зема едно ипол евро, кое ќе треба да го враќа секој жител на Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО реагираат Заев и Тевдовски да одговорат каде одат милионите кои секој месец ги земаат

Од партијата додаваат дека и бебињата и пензионерите и вработените и невработените, секој поединец ќе треба да враќа по приближно 20 евра.

Од почетокот на годината до сега толку Заев го има задолжено секој човек поединечно. Едно четиричлено семејство има за враќање неверојатни 800 евра.Зоран Заев и Драган Тевдовски вчера повторно ја задолжија државата, овој пат за 40 милиони евра.Не поминува месец, а власта да не земе заем. Се земаат милиони кои треба да ги враќаат идните генерации, а притоа ништо не се прави, нема инвестиции, нема проекти.

Од ВМРО реагираат и велат дека задолжувањето е единствено оправдано кога со него се финансираат капитални проекти.

Во Македонија под СДСМ капитални проекти нема. Имаме само стагнација.Заев и Тевдовски треба да одговорат каде завршуваат милионите кои секој месец ги земаат?Дали државата ја задолжуваат за да ги плаќаат вработувањата на роднините на функционерите кои ги вработија во јавниот сектор? Или можеби одат за тендери кои ги добиваат фирми блиски до власта?Откако СДСМ ја води државата долгот се зголемува. Над половина милијарда евра е новиот долг на државата. А притоа нема ништо изградено.Како тргнале бројчаникот за задолжување наскоро ќе прегрее.Заев и Тевдовски буквално ја туркаат државата кон сиромаштија, стои во соопштението на ВМРО.

Од таму додаваат дека метлата која што ја најави премиерот Заев треба да ги измете и него и Тевдовски. Во спротивно штетите по буџетот ќе бидат огромни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести