Тој соопшти јавно дека е позитивен на Ковид 19 а тестот го направил во саботата односно веднаш откакао почувствувал симптоми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 22:26

Заев и уште двајца министри одат во самоизолација?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Влатко Андоновски, директорот на јавното претпријатие „Камена река“ од Македонска Каменица денеска преку својот официјален Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој соопшти јавно дека е позитивен на Ковид 19 а тестот го направил во саботата односно веднаш откакао почувствувал симптоми.

-Чувствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен. Во сабота имав одредени симптоми по што во разговор со матичниот лекар одлучивме да се тестирам, за жал излезе позитивен, следуваат денови на изолација и борба која заедно со мојата фамилија знам дека ќе ја добиеме. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, напиша Андоновски.

Инаку на денот на рударите, Андоновски се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, новиот вицепремиер, Љупчо Николовски и други владини функционери кои го посетија градот дента.

Андоновски за „Фокус“ потврдил дека бил на настаните, но вели дека биле на отворено, почитувајќи ги мерките и протоколите, на соодветна дистанца и без физички контакт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести