Во рамки на посетата, премиерот Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска направија увид и на втора фаза на изградба на детската градинка и центарот за деца од улица.

Објавил: admin@magazin | 2 март, 2021 18:01

Заев и Шахпаска: Целосно обновена градинка и народна кујна за Шуто Оризари – општествена одговорност за достоинствен живот за сите

Фото/Текст извор: ©маагзин.мк

„Општинската народна кујна е пример на кој можат да се угледаат и другите општини каде што живее население во социјален ризик. Посебно сакам да ја истакнам улогата на волонтерите во народната кујна, готвачите и оние што ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани.

Сакам да им честитам на сите општествено одговорни компании и фондации кои учествуваат со свои донации народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија.

Тие се инспиративен пример за да се вклучат што поголем број на компании, бизнисмени, политичари со свој придонес во вакви општествено одговорни проекти“, истакна премиерот Заев на денешната посета на народната кујна во Шуто Оризари која секојдневно готви 320 до 380 топли оброци во кујната на „Детската градинка 8 април“.

Во рамки на посетата, премиерот Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска направија увид и на втора фаза на изградба на детската градинка и центарот за деца од улица.

„Целосната обнова на градинката „8 април“ и на Центарот за деца од улица, кои беа опожарени во 2017 година, е во втората фаза, откако во  првата беше завршен еден дел од градинката кој веќе функционира со капацитет да згрижи 150 деца. Министерството за труд и социјална политика учествува во опремување на градинката во вредност од 6.5 милиони денари, додека градежните активности се реализираат со 1.5 милиони долари од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград преку УНДП“, објасни премиерот Заев и додаде дека се обезбедени услови според највисоките стандарди за енергетска ефикасност, како и стандардите за пристапност за децата со попреченост да уживаат еднаков пристап со своите врсници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.