Затоа, јавно го советувам Зорана Заев да се откаже од ваквите суицидни сценарија, да се потсмири малку и да се фокусира на исполнување на своите премиерски обврски, во втората половина од мандатот.

Објавил: Перо Милчин | 12 јуни, 2019 20:03

Заев малку да се потсмири, нека прошета низ Берлин на чист воздух и со фрау Меркел, нека разговара како државник

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Најискрено, ама навистина најискрено, посакувам средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел да заврши успешно. Мислам дека освен неразумно манифестираната нервоза на нашиот премиер пред важниот настан, нема друга сериозна причина оваа средба да биде дебакл. Напротив, оптимист сум дека ќе се случи спротивното.

Се разбира, треба прво да се договориме што се подразбира под успешен исход. Јас сум убеден дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.

И тоа фрау Меркел ќе го потврди. Моите информации се дека преговорите ќе почнат на 1 јануари 2020 година. Можно е канцеларката и тоа да му го каже на Заев. Но, тој, пак, треба да сфати дека почетокот на преговорите може да значи сѐ, ама не мора да значи ништо. Ако постои политичка волја за коренити реформи во земјата, преговорите се вистинскиот начин за нивно експресно спроведување. Ако не постои волја, преговорите ќе стагнираат. Турција, на пример, со ЕУ официјално преговара уште од 1987 година. И што од тоа?

Со датумот не се добиваат избори!

Ако Зоран Заев е сигурен дека ЕУ ќе ја награди нашата земја со датум за официјален почеток на преговорите, што е толку важно кога ќе биде соопштен датумот? Дали денес, дали во јули, или во октомври… Или можеби Заев се надева со датумот под мишка да оди на предвремени избори и со датумот да ги добие. Ако така мисли, горко се излажал. Како и сите други приказни, така и приказната со соопштувањето на датумот ќе „држи влага“ три дена. А изборите се добиваат или се губат поради (не)сработеното во многу други области на животот, кои на избирачите им се поважни од некаков датум.
Како и да е, не ми се допадна реториката, а ни вокабуларот од последниот јавен настап на премиерот Заев на ТВ 24. Па ве молам, несериозно е Заев на германската канцеларка да ѝ каже – јас испорачав, сега ти си на ред! Тоа е ниво на разговор пред селска кооперација. Несериозно е ставот на Германија и на другите европски земји за европската иднина на Македонија нашиот премиер да го нарекува „ветување“, та уште на фрау Меркел да ѝ го бере гајлето како ќе ги мотивирала Тачи и Вучиќ да преговараат.
Јавно го замолувам премиерот – за негово добро, но пред сѐ за наше заедничко добро – така да не разговара со канцеларката Меркел. И со никого веќе!
Сѐ што е сработено на планот на консолидирањето на надворешната позиција на Македонија, со доминантно негово учество во процесот, Заев вулгарно го сведува на некаква „испорака“. За која се очекува брза „исплата“ и бакшиш. Премиере наш, па Македонија не е пица за да се испорача! Утре, во кампањата за изборите, опозицијата ќе праша – што е тоа што го „испорачал“ премиерот Заев? Тој израз е вулгарен и груб и зборува за едно меркантилистичко разбирање на политиката.
Од друга страна, во светот на меѓународната политика, доминираат интересите, а ветувањата, ако ги има, не мора да значат ништо. Европската иднина на Македонија не ѝ е ветена од никого, таа ѝ е зададена. Нашата земја е препознаена како интерес на ЕУ и на НАТО и дадена ѝ е задача да се прилагоди за тоа друштво. А ние сме тие што претендираме да бидеме во него, никој не нѐ тера со сила. Добро, политичките пречки на тој пат се отстранети, но тоа не значи дека пофалбите од Брисел треба да се сфатат како „ветувања“. Па ајде сега, да се лутиме како мали деца, ако „ветувањето“ за соопштување на датумот, на пример, не биде исполнето во јули, туку во октомври.
Патетични тиради и коцкање со мандатот
Најпатетични од сѐ се тирадите со кои Заев се обидува да ги исплаши и Меркел и другите европски лидери, дека ако датумот не се соопшти веднаш или во најскора иднина, на власт во земјава ќе дошле националистите. На мое големо и непријатно изненадување, Заев упорно ја форсира најавата дека ќе го врати мандатот, зборува дека е можно друг да го добие, по што тој ќе се повлекол од политиката, бидејќи таа не му била пресудно важна во животот.
Можеби ова последново и да е точно, но не е убаво што нацијата ја чита таа малодушност на кандидатот за Нобеловата награда за мир. А дека фрау Меркел или некој од нејзините колеги ќе се потресе од тоа коцкање со мандатот, никој да не се надева!

Политичката мапа на Европа живо се менува, Меркелка постојано виси „на конец“ и одвај успева политички да преживее, та за кариерата на Заев ли ќе се секира? Истата госпоѓа до вчера разговараше со Груевски, денес разговара со Заев, утре ќе разговара со некој трет. Еве, сосема е можно на 7 јули, на изборите во Грција, да падне вториот несуден нобеловец, Ципрас. И? Што има тука чудно и необично?
Имам впечаток дека во последно време Заев е опкружен со некои тешки катастрофичари, кои го клукаат со нивните неверојатни, ступидни и суицидни сценарија. Не е можно Заев што го познавам од минатото, олку да се променил. Кога ги слушам неговите изливи на емоции, како да го слушам Вучиќ, боже прости ми. А тоа, да повторам, не е добро, ниту за Заев, ниту за Македонија.
Сценарија за пукање во сопствената нога
Едно од тие сценарија, како што слушам, е Заев да го врати мандатот, па од претседателот Стево Пендаровски пак да го добие, за потоа да состави влада без ДУИ. Без ДУИ?! Не знам дали сценаристот е сигурен дека во таков случај Заев ќе успее да формира парламентарно мнозинство. Се смета ли на одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ? Хм… Јас мислам дека сето тоа е правење бајрам со умот. Можеме ние да мислиме што сакаме за ДУИ, но јас не би го потценил Али Ахмети. Не заборавајте дека Ахмети му го сврте грбот на Груевски и дека така Заев дојде на власт. Никој ништо не научи од таа лекција?
Другото сценарио, пак, било Заев да го врати мандатот, а нов мандатор да биде Оливер Спасовски. Брееееј! Е тогаш џам ќе свиткаат! И што со тоа? Оливер ќе го брка ДУИ? Или сите ќе нѐ испоапси, откако му избега Груевски пред носот? Навистина, што ќе направи Оливер Спасовски со мандатот в раце, што не може Зоран Заев? Гледате тука некоја логика? Јас не гледам.
Затоа, јавно го советувам Зорана Заев да се откаже од ваквите суицидни сценарија, да се потсмири малку и да се фокусира на исполнување на своите премиерски обврски, во втората половина од мандатот. Најлесно е да се даде оставка. Еве, јас ќе му ја напишам, има цела нација да рика од плачење, едно три дена.

Не, Венко Андоновски ќе му ја напише, он е помајстор од мене. Арно ама, треба да се има план и приказна за денот потоа. Јас си дадов оставка, ама гледате, пишуваат брлавите дека ќе бидам министер во новата влада на Мицкоски (моментално преговарам за ресорот), па ќе сум ја купувал Канал 5 (тие преговори завршија веднаш, скапо е, а јас сум циција) и слично. Сакам да кажам, важно е да се пушти приказна, па можеби ќе се најдат будали да поверуваат. Но, која е приказната на Заев во оставка? Ќе му се врател на ајварот… Ама ајде, ве молам. На фотелјата негова не се седнува така, ниту од неа така лесно се слегува.
Пак ќе речам, Заев малку да си се потсмири. Нека прошета низ Берлин, на чист воздух. А потоа, со фрау Меркел, нека разговара како вистински државник, како иден нобеловец, како човек од кого се очекува да води земја кандидатка за членка на ЕУ, а не како диливери бој кој испорачал пица и нетрпеливо чека муштеријата да најде ситно за бакшиш. Јас сум сигурен дека ако одигра онака како што од него очекуваат големите играчи на европската политичка сцена, Заев ќе даде гол, макар и во последната минута од продолжението на натпреварот.
Само да не акне со главата во статива…
ПС. Ги известувам читателите дека не сум завршил со приказните за Коки, Кики и компанија. Приоритети се во прашање. Викендов, најдоцна в понеделник, следува нова возбудлива приказна за подвизите на групата рекетари. Нервозните ги предупредувам да не се истрчуваат предвреме…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...