Премиерот Заев ги повика присутните претставници на компании од Обединетото Кралство да инвестираат во земјите од Западен Балкан кои нудат добри можности за нови инвестиции.

Објавил: Перо Милчин | 18 јуни, 2019 18:34

НОВА МОДА: ЗАЕВ НА ФОРУМ РАМО ДО РАМО СО ЕДИ РАМА, НА КОЈ МУ БЛЕСКАА БЕЛИТЕ ПАТИКИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев учествуваше на Форумот „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ во Лондон, кој беше во организација на Фајненшал Тајмс посветен на земјите од Западен Балкан.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев истакна од Лондон дека земјите од Западен Балкан работат на зголемување на регионалната соработка преку Берлинскиот процес и како пример го наведе отворањето на One Stop Shop како модел за олеснување на трговијата меѓу земјите.

Премиерот ги повика присутните претставници на компании од Обединетото Кралство да инвестираат во земјите од Западен Балкан кои нудат добри можности за нови инвестиции што за компаниите ќе значи профит а за нашите држави и нови работни места.

Инвестициските можности на земјата се отвораат и се зголемуваат, порача Премиерот Зоран Заев на форумот под наслов „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ во организација на Фајненшал Тајмс посветен на земјите од Западен Балкан.

Инвестициските можности на земјата се отвораат и се зголемуваат. Агенцијата Фич го подобри кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+ и тоа е прво подобрување на кредитниот рејтинг на земјата после цели 13 години. Ова е потврда на квалитетот на економските политики и на одличните ефекти што тие ги даваат – рече премиерот Заев.

 По завршувањето на билатералните спорови и постигнувањето на договори со Грција и Бугарија, ние ги отворивме нашите евроинтеграциски процеси и перспективите за економски развој. Со Грција ја зголемивме трговијата за околу 20 проценти по постигнувањето на договорот. Вкупниот извоз ни бележи раст од 16.8 отсто. Очекувам конкретни позитивни одлуки за нашата земја и Албанија – рече премиерот Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.