,,Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јуни, 2019 19:34

ЗАЕВ: „Ние испраќаме порака дека сме спремни не само политички, туку и воено да влеземе во НАТО„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со останатите министри од Владата и претседателот Стево Пендаровски, го посетија армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ кој е во рамки на вежбата „Одлучен удар“.

Премиерот Зоран Заев даде изјава во кој рече дека горд на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија, истакна премиерот.

Тој рече дека со членството на Македонија во НАТО, никогаш повеќе да нема војна, но дека и надвор од територијата на Република Македонија ќе го гарантираме мирот и безбедноста на сите граѓани на светот.

„Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со Претседателот на државата што учествуваме, дефинитивно во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, која што се организира на еден од најдобрите полигони во овој дел од светот. Со тоа покажуваме еднаквост во Партнерството со нашите сојузници, со земјите-членки на НАТО.

Горд сум на нашата Војска, заради тоа што демонстрираше денеска, пред нас, високите претставници на извршната власт, во присуство на Претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности кои што се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси, кои што секаде НАТО ги има во светот, рече денеска Премиерот.

Знам, дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот.

Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија. Дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација, полноправното членство во НАТО и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани. 

Заев се надоврза и на потпишувањето на договорот со Грција во Преспа. 

„Една година од Преспа, прво, добивме нов пријател. Не, дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година, првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, како наша подготовка за целосно членство во НАТО. Тоа е остварување на една од големите стратешки цели на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти внатре. Сега тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. Гледате дека паралелно со тоа ги тераме сите процеси во Европската Унија и ние сме пред добивање на датумот, после 15 години за почеток на преговори со Европската унија. Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот, доказ е сето тоа како еден сублимат. Договорите дефинитивно куќа градат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести