Премиерот Заев на полицајците им посака успешна работа и посочи дека полицајците имаат благородна функција да обезбедуваат безбедност и сигурност за сите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 август, 2019 13:12

ЗАЕВ ОД ИДРИЗОВО: “На новите полициски службеници им посакувам успех во кариерата”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев на промоцијата на новите полициски службеници во Идризово им упати честитки, а исто така и на инструкторите за грижата што обезбедија континуитет на професионалните ресурси.

Премиерот Заев на полицајците им посака успешна работа и посочи дека полицајците имаат благородна функција да обезбедуваат безбедност и сигурност за сите.

-Се радувам заедно со сите Вас затоа што со голем успех, во просек од 530,92 бодови од вкупно 600 ја завршивте обуката за совладување на потребните компетенции за полициски службеници. Радува и податокот што дури 528 од вкупно пријавените на стартот 550 кандидати ја завршија оваа обука. Тоа говори за Вашата висока мотивација да успеете во исплонувањето на професионалните ангажмани во полицијата, истакна Заев.

 Ви посакувам успешна кариера во редовите на МВР. Им упатувам честитки и на инструкторите за грижата да обезбеди континуитет на професионалните ресурси. Јас како претседател на Владата и целата Влада сме горди на вас.

На прославата им беа доделени и признанија на најдобрите кандидатите во текот на обуката на полициските службеници.

На свеченоста по овој повод се обрати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести