„Барам веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков и да ја спроведат судската пресуда. Убеден сум дека тоа може да се спроведе.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 февруари, 2021 7:13

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор согласно наредбата на судот и очекувам истрага и ќе барам одговорност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Народот бара правда, а се случи уште едно бегство. Исто како и целиот наш народ така и јас секако сме разочарани од тоа што сѐ уште не е пронајден и не е приведен, односно не е однесенo во домашен притвор лицето Сашо Мијалков“, истакна претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите, и ја изрази својата, како и загриженоста на граѓаните што сѐ уште не е лоциран човекот за кого вчера е изречена мерка домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Барам веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков и да ја спроведат судската пресуда. Убеден сум дека тоа може да се спроведе.

Очекувам детално информации од надлежните институции под извршната власт, а тоа е МВР, како и очекувам комплетно детали со истрага за самиот случај од судот, од ЈО и од МВР. Целосно нашиот народ очекува расветлување на ваквиот случај и секако понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение“, нагласи премиерот Заев.

Министерството за внатрешни работи вчера официјално се огласи околу недостапноста на Сашо Мијалков и велат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање, но засега нема официјална потврда дека е распишана и потерница.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков.

Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање“, велат од МВР во нивното прво официјално огласување во врска со недостапноста на поранешниот шеф на УБК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести