Помеќу загинатите е и Зоран Давидоски раководител на Секторот за сообраќај , а од повредена била и потпаролката на ЕВН Вјоса Елими која се здобила со фрактура на рамото

Објавил: Македонка Димкин | 14 февруари, 2019 12:54

Заев: Посебна благодарност на локалното население за херојската помош!

Фото/Текст извор: ©online / magazin

Меѓу повредените лица од вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак е и портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими, која се здобила со фрактура на рамото и се наоѓа во добра состојба. Премерот, Зоран Заев, по денешната посета на повредените, рече дека поголемиот број од повредените се помлади.
Ги видов сите повредени кои се надвор од животна опасност. Се работи за млади луѓе. Зборував со момче кое има 19 години и со едно девојче.

Зборував и со портпаролката на ЕВН, ве поздрави вас колегите – рече Заев.
Од Градската општа болница „8 Септември“ испратија апел до роднините на повредените да бидат без грижи и дека нивните најмили се во сигурни раце. Од таму додаваат дека имало по тешкотии при идентификација на смртните случаи.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.

Иако провладините медиуми најавија уште ноќеска дека Заев ќе ги посетел повредените, тој со своите автомобили во посета на повредените пристигна претпладнево пред ручек.

на 13,02,2019 доцна попладне нешто после 17:30 минути се случи голема трагедија на автопатот Скопје-Тетово.

Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово , денес 14.02.2019 бројката на загинатите се искачи на 14 и сеуште е неизвесно дали ќе има уште починати од страшната трагедија што ја снајде македонската јавност. Јавен обвинител од скопското Обвинителство е на местото на незгодата и врши увид, соопштија од Обвинителството.

Помеѓу загинатите и раководителот на Секторот за сообраќај Зоран Давидоски

Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.

Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...