Тој им се заблагодари на гласачите на Река, како и Алијанса за Албанците и БЕСА, кои, рече, ги оставиле гласачите да гласаат според своето убедување.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2019 22:52

ЗАЕВ : „Претседателе Пендаровски те молам да ми ги чуваш граѓаните на Република Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на прес конференција која се одржа во седиштето на партијата на Бихачка каде ја прослави победата на кандидатот, Стево Пендаровски, рече дека денеска имавме успешни и демократски избори и добивме многу добар претседател на државата.

Република Македонија вечерва го избра петтиот претседател на државата Стево Пендаровски, кој освои убедлива победа против неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на прес конференција која се одржа во седиштето на партијата на Бихачка каде ја прослави победата на кандидатот, Стево Пендаровски, рече дека од денеска ништо повеќе не е исто, никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Од различни етнички заедници, различни полтички определби, определени и неопределени. Тој рече дека ќе се учи за оваа успешна политичка пракса и за оваа граѓанска зрелост. 

Од денеска ништо повеќе не е исто, никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Од различни етнички заедници, различни полтички определби, определени и неопределени, браво на сите. Исходот од денешните избори е потврда дека растеме уште повеќе, дека заслужуваме да одиме напред, нашето место е во НАТО и ЕУ, и точка. Крај за режимот. Нема веќе никогаш режим. Мицкоски е поразен, поразени се деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, политиките на поделби, на немање став, конфликти, сеење страв. Како власт во соработка со новиот претседател остануваме посветени на нашите приоритети – рече Заев.

-Република Македонија покажа како се надминуваат политичките бариери. Ќе се учи за оваа успешна политичка пракса и за оваа граѓанска зрелост. На Европа и даваме нова вредност. Ти честитам претседателе, да ни ги чуваш и штитиш граѓаните, биди посветен на она што го најдовме кај тебе како вредност, биди објективен, правичен, критичен, со слух за потребите на граѓаните. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој претседател на сите нас. Има зацртан пат на заедништво, соработка, солидарност, за подобар живот – посочи Заев.

Од овие избори сите треба да извлечат поуки. Нашата поука е призејмување на поединци и максимална посветеност. Поуката за нашиот опонент, крајно време е конечно да се модернизира, да ги напушти методите и да сфати дека Северна Македонија ја сочинуваат сите граѓани. Она што треба да остане е нашата подадена рака на помирувањерече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести