Изјава на Билал Касами од БЕСА

Објавил: Узунов Бобан | 27 јануари, 2019 13:37

Заев прифатил албанското прашање во Македонија да остане отворено

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Движењето Беса во Македонија, Билал Касами, зборуваше во „Ора Њус“ за преговорите со премиерот Зоран Заев, за гласање на уставните измени.

Албанскиот политичар од Македонија рече дека албанското прашање во Македонија се уште не е затворено, и нема да се затвори сѐ додека Албанците не рамноправни со Македонците. Касами вели дека ова е прифатено и од самиот премиер Заев.

На прашањето дека БЕСА ги преплавила порталите поради преговорите со премиерот Зоран Заев и за што се обидувале да испреговараат во овој договор за БЕСА да гласа за уставните измени Касами одговорил дека тоа било битка за албанското прашање

 Тоа не беше битка на Движењето Беса, тоа беше битка за албанското прашање во Македонија. Албанското прашање во Македонија и понатаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено. Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со владата за ова прашање да остане отворено и понатаму се решава. Високи претставници на Демократската унија за интеграција во Владата на Зоран Заев веднаш по нашата посета на Стејт департментот, каде што ја изразивме нашата загриженост дека албанското прашање во Македонија не треба да се затвори бидејќи Албанците не се рамноправни со Македонците. Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел македонската држава, после Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава. Значи, изјавија дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик албанското прашање повеќе не постои. Се додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, се додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести