Во новата општинска зграда, покрај општинската администрација за краток временски период ќе бидат во функција и канцелариите на администрација на Јавното претпријатие за комунални дејност.

Објавил: admin@magazin | 5 октомври, 2019 13:16

ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ ОД ЛОЗОВО: „Општина Лозово доби нова зграда, на простор од 420 м2 со 16 канцеларии„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во новата општинска зграда, ќе бидат во функција и канцелариите на администрација на Јавното претпријатие за комунални дејност, рече премиерот Зоран Заев во општина Лозово.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Лозово, присуствуваше на настанот со кој се одбележа пуштањето во употреба на новата општинска зграда. Тој истакна дека во општините, во населените места, во месните заедници, се одвива животот, секојдневниот живот на нашите граѓани.

Затоа е многу важно да се фокусираме на локалните политики, на најпрактичните решенија кои ќе придонесат да им го направиме секојдневието на граѓаните од локалните средини поубаво и поквалитетно за живот. Да им овозможиме сѐ што е неопходно за пристојна живеачка, во средина која ги исполнува сите нивни барања“, истакна премиерот Заев.

Заев рече дека градоначалникот Ацо Велковски, со поддршка на Советот, успеа, покрај враќањето на долговите, со домаќинско и транспарентно работење, да ја стави општината на здрави нозе.

„Тоа е придонес повеќе за исполнување на дел од најважните прашања за граѓаните на општината како што се вработувањето, решавањето на социјалните прашања, и прашањата поврзани со земјоделството како најразвиена дејност во оваа наша македонска општина“, нагласи премерот Заев и упатувајќи честитки порача дека сега е најважно од добрите услови за работа да произлегуваат мерки и решенија во полза на граѓаните кои секогаш треба да бидат во центарот на вниманието, се наведува во соопштението од Владата.

Општина Лозово доби нова зграда, на простор од 420 м2 со 16 канцеларии, сите опремени со канцелариска опрема и нова компјутерска технологија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести