Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Објавил: Перо Милчин | 1 декември, 2020 21:51

Заев: Упатувам порака до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дали за нив послушноста кон Мицкоски е поважна од граѓаните

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно, срамно и неодговорно однесување, пишува на социјалните мрежи премиерот на Република Македонија, Зоран Заев!

Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Апелирам да се повлече ова бесмислено ставање сопки и кочење на работата на Парламентот и да се прифати можноста, како и насекаде во светот, за онлајн работа на далечина.

Македонскиот народ и сите граѓани имаат потреба од функционално Собрание.

Секоја политичка партија треба да ги застапува интересите на граѓаните, вели тој!

Упатувам порака да се преиспитаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и да одлучат, дали за нив, послушноста кон Мицкоски е поважна од граѓаните.

Ние сме решени. Реформите мора да продолжат, како и поддршката на државата за своите граѓани, особено во ова тешко време.

Граѓаните ќе добијат функционално Собрание.

Реформите важни за државата, за граѓаните, нема да застанат.

Напредокот ќе продолжи, помошта за граѓаните и економијата во справување со вирусот ќе продолжи, напиша Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести