Како што е најавено Хан ќе се сретне со државниот и политички врв во Македонија. За во 9.15 часот е закажана и заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 јули, 2019 9:41

Започна прес-конференција на Заев и Хан!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес во посета на Македонија се наоѓа комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Како што е најавено Хан ќе се сретне со државниот и политички врв во Македонија. За во 9.15 часот е закажана и заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Филип Рикер, вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија денеска ќе ја посети Општина Битола.

Хан и Заев ќе разговараат за реформите кои се однесуваат на евроинтегративните процеси на Македонија, а какви пораки и ветувања ќе и даде овој пат останува да слушнеме на прес конференцијата која е во тек.

Аналитичарите сметаат дека главна тема на средбите со Хан и Рикер ќе биде и СЈО. Токму ова обвинителство беше и создадено на една од средбите под покровителство на САД и ЕУ за излез до политичката криза пред четири години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести