Исто така ќе се разговара за позитивниот извештај од ЕУ и ветувањето и гаранциите кои ги даде Германија дека Бундестагот во септември ќе даде позитивен сигнал за преговори со Унијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 17:58

Започна седницата на Централниот одбор на СДСМ. КОГО ЌЕ СМЕТЕ МЕТЛАТА НА ЗАЕВ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред малку во Охрид започна деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ.

Премиерот рече дека на денешната седница во Охрид, ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новиот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.

„Централниот одбор денеска треба да го избере Извршниот одбор на партијата, секретарите. Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и другите политички партии и општеството да се менуваме кон подобро“, рече Заев.

Исто така ќе се разговара за позитивниот извештај од ЕУ и ветувањето и гаранциите кои ги даде Германија дека Бундестагот во септември ќе даде позитивен сигнал за преговори со Унијата.

Метлата која премиерот Зоран Заев ја најави по завршувањето на претседателските избори почна токму во неговата партија.
Сите 78 претседатели на општински организации беа сменети од позициите.

За тоа тој како лидер, според партискиот статут, има директна надлежност.
Разрешени се и целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени на седницата на Централниот одбор минатиот месец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика