Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска одговарајќи на новинарско прашање велат дека во изборот на новиот директор на АНБ гледаат обид за амнестија на Виктор Димовски.

Објавил: Мате Парлоф | 14 декември, 2022 17:36

Зарко Милошовски е нов директор на АНБ

Фото/Текст извор: ©24 вести

Зарко Милошоски, и официјално е избран за нов директор на АНБ. Ова е одлуката која ја донесе Владата на денешната седница. Милошовски кој и до сега работеше во АНБ сега доаѓа на челната позиција на местото на досегашниот директор Виктор Димовски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска одговарајќи на новинарско прашање велат дека во изборот на новиот директор на АНБ гледаат обид за амнестија на Виктор Димовски.

Во меѓувреме пак претседателот на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ Пренџов веќе најави дека комисијата ќе продолжи со работа утре во 12 часот но во други простории откако протече снимка од истата комисија на која се дискутираше за државјанството на украинскиот олигарх Онишченко за што пак МВР веќе го достави извештајот за причините .

Од ОЈО пак веќе посочија дека Обвинителството постапува по предметот има дејствија во извештајот и во тек е проверката.

И собранискиот спикер Џафери веќе информираше дека го добиле извештајот а причините за снимката која протече, како што веќе објави тв 24 биле од технички карактер и дека комисијата ќе продолжи со работа во друга сала. Она што е познато е дека владата пак веќе го задолжи МВР за да ја отпочне постапката за одземање на државјанството на украинскиот олигарх.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести