Пожарникарите соопштија дека припадниците на службите за заштита се на терен од 4 часот наутро и дека имале голем број интервенции.

Објавил: admin@magazin | 6 ноември, 2019 22:24

ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД ЦРНА ГОРА: Излеани реки, поплавени куќи- страшни сцени од поплавите во Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страшното невреме кое беше проследено со дожд и силен ветар, кое денеска ја зафати Црна Гора создаде проблеми во сообраќајот, поплавени беа улици, куќи, а спасувачките служби за заштита и спасување интервенираат на теренот од раните утрински часови.

Како што известуваат медиумите во Црна Гора, најтешка е состојбата во Никшиќ и Колашин, градовите на северот на земјата и во Херцег Нови на брегот на Јадранското Море.

Невремето предизвикало големи проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини и сообраќајници, пренесува РТЦГ. Во Никшиќ, поради прелевање на реката, спасувачките екипи го евакуираат селото Броќонац.

Поморскиот сообраќај е отежнат, а два крузера веќе се откажаа од влез во пристаништето во Бока-которскиот залив.

Пожарникарите денеска соопштија дека припадниците на службите за заштита се излезени на терен од 4 часот наутро и дека имале голем број интервенции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.