Ваквата негова гестикулација наиде на низа жестоки критики на социјалните мрежи.

Објавил: admin@magazin | 7 мај, 2019 20:44

“ЗА ДОБРЕ ДОЈДЕ ВO MAKЕДОНИЈА” Османи го пречека папата “со рацете во џеб”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Со “рацете во џеб”, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи го пречека папата Франциск на скопскиот аеродром.

Бујар Османи вицепремиерот за европски прашања, со рацете во џеб го пречека папата Франциск на скопскиот аеродром. Денеска на аеродромот се случуваа неочекувани работи. Имено, премиерот Заев во моментот кога папата пристигна на аеродромот, премиерот сакаше да му ја бакне раката, но папата не му дозволи и му удри корпа. Ваквата негова гестикулација наиде на низа жестоки критики на социјалните мрежи.

Папата Франциск исто така беше пречекан од претседателот Ѓорѓе Иванов и високи претставници на владата на Република Македонија.

Папата потоа се упати кон претседателската Вила Водно каде одржа обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество оствари средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза. За во 15 часот беше закажана Света литургија на плоштадот „Македонија“ која ја отслужи папата Франциск, а присуствуваа повеќе од 15 илјади граѓани од земјава.

Како што беше најавено на светата литургија присуствуваа и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести