Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 18:05

ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО: Заев на есен најави зголемување на платите во Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што најави премиерот Зоран Заев, од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари се очекува да се овозможи и раст на пензиите.

Премиерот Заев рече дека главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници. Од септември и на голем дел и на целата јавна администрација ќе се качуваат платите.

Заев најави дека влегуваме комплетно со сите свои перформанси, а додека пак Тевдовски останува да работи околу него, веројатно и како советник во тој дел. Тој изрази големо уверување дека до крајот на оваа година, ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година.

 Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард – изјави Заев.

Премиерот денеска изјави дека наесен е можно да има ребаланс.

–Сакаме да направиме квантен скок на севкупното зголемување на платите. Овде ќе преземеме одредени чекори, кои треба дефинитивно да го направат квантното чекорење кон подобро и повисоко ниво на севкупните нето плати кои се земаат во Република Македонија – изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести