Неколку дена по операцијата капитенот на RK Vardar на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јуни, 2019 15:19

Здрав како дрен: Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов!

Фото/Текст извор: ©онлине магзин

Капитенот на македонскиот и европски шампион Вардар, Стојанче Стоилов неколку денови по операцијата откри дека се чувствува одлично.

Стоилов веќе од утре ќе може да започне вежби и физикална терапија, во што ќе помогнат за побрза рехабилитација, а докторите изјавија дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред и Стоилов се чувствува одлично.

Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов.

Од Acibadem Sistina Hospital на социјалните мрежи објавија статус, во кој открија дека тој повеќе ја нема болката која му отежнувала во секојдневните активности.

Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на RK Vardar на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.
Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените.

Стојанче Стоилов е македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести