Земјотресот е регистриран и во останатите градови со оглед на тоа што епицентарот е на површината на земјата и 0 метри длабочина!

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 октомври, 2021 6:07

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во три часот и 26 минути регистриран е земјотрес со јачина од 3,1 степен според рихтер.

Според првичните информации од ЕМСЦ, земјотресот е со епицентар во Македонија и тоа во југо-западна, односно во близина на Охрид, објави тв 21.

Земјотресот е регистриран и во останатите градови со оглед на тоа што епицентарот е на површината на земјата и 0 метри длабочина.

Исто така вчера силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Епицентарот бил на 219 километри јужно од грчкиот остров Родос, а се почувствувал и во Турција, Кипар и Египет.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил на длабочина од 60 километри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...