Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Објавил: admin@magazin | 25 април, 2019 11:25

Земјотрес кај Дојран и Гевгелија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала утринава во 03 часот и 11 минути е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.

Земјотресот почувствуван во Гевгелија и околината

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести