Пацифичкиот центар за цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 14:56

Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја затресе Индонезија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска индонезиската провинција Западна Јава.

Како што соопшти индонезискиот Национален центар за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) земјотресот бил на длабочина од 33 километри под морското дно, со епицентар на 212 километри јужно од местото Пангандаран.

Според неофицијални информации во земјотресот нема загинати или повредени лица.

Местоположбата на Индонезија на рабовите на тихоокеанските, евроазиските и австралиските тектонски плочи е причина за бројните вулкани и честите земјотреси.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска индонезиската провинција Западна Јава.

Индонезија има најмалку 150 активни вулкани вклучувајќи ги и Кракатау и Тамбора кои се познати по разурнувачките ерупции во 19 век. Ерупцијата на супервулканот Тамбора пред околу 70 000 години беше еден од најголемите ерупции и претставуваше глобална катастрофа.

Неодамнешните катастрофи кои се резултат на сеизмичка активност се цунамито во 2004 година во северна Суматра кое имаше околу 167 736 жртви и земјотресот Јогјакарта во 2006 година.

Сепак, вулканскиот пепел придонесува за големата плодност на земјата и е причина за големата густина на населеност на Бали и Јава.
Поради положбата долж екваторот, Индонезија има тропска клима со две различни монсунски влажни и суви сезони.

Просечните годишни врнежи во низините варираат од 1780 до 3175 мм и до 6100 мм на планинските области. Планинските области, особено западниот брег на Суматра, Западна Јава, Калимантан, Сулавеси и Папуа имаат најмногу врнежи. Влажноста просечно изнесува 80%. Нема големи температурни разлики во текот на годината, а просечната дневна температура во Џакарта варира од 26 °C до 30 °C. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...