Иако невремето може да биде од голема корист на пожарникарите кои се борат против некои од најголемите пожари во Австралија, метеролозите велат дека уште не е сигурно дали дождот ќе падне таму каде што е најпотребен и дали тоа би било доволно.

Објавил: Весна Петровска | 16 јануари, 2020 18:25

ЗЛОТО НЕ ДОАЃА САМО: Австралија ја зафати невреме – илјада домови без струја!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Силно невреме со грмотевици и силен дожд, а некаде и со град погоди неколку делови на Австралија која веќе со месеци се бори со пожарите кои целосно уништи неколку делови на Австралија.

Иако невремето може да биде од голема корист на пожарникарите кои се борат против некои од најголемите пожари во Австралија, метеролозите велат дека уште не е сигурно дали дождот ќе падне таму каде што е најпотребен и дали тоа би било доволно.

До сега немаше доволно дожд да ги изгаси пожарите, пренесува CNN и исто така ја пренесува загриженоста на надллежните дека обилните дождови можат да доведат и до поплави бидејќи водата буквално се лизга низ сушната земја.

Исто така, пожарите унишштија голем дел од вегетацијата која можеше да ја апсорбира водата.

Службата за вонредни состојби на државата Викторија објавила на Фесјбук видео на кое се гледа штетата од невремето, вклучувајчи и дупките од 4 метри кои се отвириле покрај патот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.