Во овој период особено е застапена калинката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 декември, 2019 21:01

Зошто да конзумирате калинки- овошје со лековита моќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Калинка која е листопадна овошна грмушка или мало дрво од семејството на врбиците висока од 5 до 8 м. Во Македонија калинката е особено застапена и најмногу расте во југоисточните краишта со влијание на средоземноморската клима, посебно во Валандовско, Дојранско, Гевгелиско.

Во овој период особено е застапена калинката.

Се верува дека оваа широко распространета билка може да го запре времето, а нејзините зрна се сметаат како симбол на плодноста. 

Црвените зрна на калинката ја добиваат својата убава боја од полифенолите, кои се моќни антиоксиданси. 

Истражувањата покажале дека калинката штити од дијабетес, а поради антиоксидансите што ги содржи, е добар сојузник против стареењето. Маслото од калинка ја враќа еластичноста на кожата, и помага против егзема, псоријаза или изгореници од сонце. Исто така калинката е одличен лек во менопаузата и климаксот.

Покрај високите количини на витамин Ц, калинката содржи и неколку витамини од Б групата, како и неколку важни антиоксиданси.

 

Ова овошје содржи и минерали како калциум, бакар и манган, како и витамин К и пантотенска кисела.

Нутриционистите советуваат калинките да се консумираат свежи, иако можете да ги внесувате и во облик на свежо цеден сок.

Плодот во својот состав содржи и висок процент на растителни влакна. Бројни истражувања покажуваат дека содржи повеќе антиоксиданти и од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај.

Калинката е едно од најстарите овошја познати на човекот. За нејзината употреба постојат записи во повеќе култури и религии, во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Исто така, постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди. Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц. Понатаму, калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот. Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...