Заев ќе биде министер за финансии без законски основ

Објавил: Узунов Бобан | 2 јули, 2019 9:17

Иако не постои законски основ Заев ќе биде министер за финансии по овластување од Владата ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев, според владини извори, ќе раководи со Министерството за финансии врз основа на посебни овластувања што ќе ги добие од владата што ја предводи.

Законот за влада предвидува само претседателот на Владата да дава овластувања на неговите заменици, а не и обратно.
Член 16
(1) Претседателот на Владата од редот на министрите определува заменици.
(2) Претседателот на Владата го заменува неговиот заменик.
(3) Претседателот на Владата може да им довери на замениците вршење на
одделни работи што произлегуваат од неговите права и должности.
Член 17
По овластување на претседателот на Владата, секој член на Владата може да ја претставува во Собранието и во работните тела на Собранието и да го застапува
ставот на Владата.
Член 18
(1) Претседателот на Владата на предлог на министер може да овласти државен секретар или раководител на сектор од надлежното министерство да учествува во работата на работните тела во Собранието.
(2) Ако претседателот на Владата не го прифати предлогот од став (1) на овој член тогаш Владата одлучува за овластувањето.

Според неофицијални најави, се очекува, на седница во четврток, владата да да донесе одлука за пренесување посебни овластувања на премиерот, за тој да може да раководи со Министерството за финансии до изборот на нов министер, а по разрешувањето на досегашниот челник на овој ресор, Драган Тевдовски.

Во Законот за Влада во членот 8 каде се утврдени надлежностите на Владата не постојат законски одредби врз основа на кои може да се овласти претседателот на Владата да врши функција на министер по овластување на одлука на Владата.

Иако според Антикорупциската комисија  доколку претседателот на Владата врши и друга функција во конкретниот случај министер за финансии би постоело судир на интереси, Заев инсистира да го раководи министерството за финансии преку кое како што најави ќе одржел економска лекција.

Заев најави минатата седмица дека ќе назначи нов министер за финансии најдоцна до терминот кога ќе треба да се формира техничка влада за спроведување на следните парламентарни избори, што во редовен термин би требало да се одржат наесен следната година.  Техничката влада, според зконите за избори и за влада, би требало да се формира 100 дена пред датумот што ќе биде предвиден за одржување редовни избори. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести