На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 7:44

Ивица Коневски: Малиот коалиционен капацитет на ВМРО-ДПМНЕ беше хендикеп за Силјановска!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, бившиот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски рече дека малиот коалиционен капацитет на неговата партија, особено со албанските партии, бил хендикеп за Гордана Силјановска.

Ивица Коневски поранешниот градоначалник на Аеродром, во вчерашното гостување на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека коалиционите капацитети на ВМРО ДПМНЕ биле многу мали, минимални и тоа беше голем хендикеп за Гордана Силјановска.

На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски. На следните локални избори во 2013 тој славел победа над Диме Велковски од СДСМ со освоени 63% од вкупните гласачки ливчиња.

На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски.

-Коалиционите капацитети на нашата партија беа многу мали, минимални и тоа беше голем хендикеп за Гордана Силјановска.
Имаме уште една година до парламентарните избори, се надевам дека ќе успееме да направивме коалиционен капацитет за да победиме и да формираме влада, рече Коневски.

Негово прво искуство во политиката било советничкото место во Советот на Град Скопје, во периодот 2005-2006.

Потоа бил назначен за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП). Освен тоа, бил и претседател на Бордот на директори на Градскиот Трговски Центар – Скопје. Додека бил директор на ЈПССДП покренал иницијатива за обнова на стадионот Филип II и изградба на северната трибина, а бил одговорен и за проектот изградба на нови станови за млади брачни парови.

Според една спроведена анкета во 2012 од страна на порталот „Скопје Инфо“, Ивица Коневски бил прогласен за „најуспешен скопски градоначалник“. Како негови поважни проекти се споменуваат изградбата на паркови во населбите Ново Лисиче и Аеродром, реновирање на основните и средни училишта во општината, како и ставањето на КК МЗТ Скопје под општинска капа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести