Инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот.

Објавил: Перо Милчин | 10 мај, 2019 19:11

Инаугурација во 12 часот, Стево Пендаровски официјално ја презема функцијата во недела!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател на Република Македонија, а по инаугурацијата, тоа место ќе го преземе Стево Пендаровски кој победи на вториот круг на претседателските избори.

Во недела во 12 часот ќе се одржи инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата.

Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција, откако оствари победа на изборите на 5 мај.

Во недела претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека мора да има седница, затоа што е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи никаква пауза во работата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за 16 мај исто така има закажана седница за прегласување на неколку закони што не беа потпишани од се уште актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов. Истите закони беа донесени на 24 април.

Исто во четврток ќе биде закажано продолжение на 91 и 94 седница, на кои на дневен ред се закони кои треба да се прегласаат или не биле гласани. За 20 мај ќе биде закажана нова редовна  седница со материјали кои се пристигнати во Собранието за време на претседателската кампања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести