петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



И по четири дена, институциите во државата се уште немаат одговор ниту пак во јавноста обелоденија каде завршија парите кои првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 и второосомничениот Зоки Кичеец ги изнесуваат од домот на Камчев во чантите „Луј Витон“, пишува Република.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 август, 2019 14:14

Институциите без одговор каде завршија 1,5 милион евра, парите од Луј Витон чантите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат четири дена откако италијанскиот весник Ла Верита, ги објави во јавноста првите видео и аудио снимки на кои се гледа како Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец земаат 1,5 милион евра од бизнисменот Орце Камчев.

И по четири дена, институциите во државата се уште немаат одговор ниту пак во јавноста обелоденија каде завршија парите кои првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 и второосомничениот Зоки Кичеец ги изнесуваат од домот на Камчев во чантите „Луј Витон“, пишува Република.

Весникот Вечер пред извесно време објави ексклузивна фотографија и детали од видео снимките за случајот Рекет

Италијанскиот новинар Ларис Гајзер, кој ги објави снимките од случајот Рекет, истакна дека поседува видео материјал од движењето на џи-пи-ес апаратите кои биле поставени во чантата „Луј Витон“ во која и беа 1,5 милиони евра, кои според свиркачи кои ги виделе материјалите, уредите за следење покажувале дека чантите завршиле токму во Владата на Македонија.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ исто така тврдеше дека за тоа каде завршиле парите од чантите може да се утврди преку следење на телефоните преку базните станици.

-Тоа обвинителството не го прави затоа што јасно е дека овде е намерата е да одговараат ситните риби и да се заташка се останато. Затоа што темелна истрага нема во овие месец дена, може ќе дознаеме после неколку месеци дека некој интервенирал и во телекомите за да се избришат овие податоци, но да се дознаеше тоа првиот ден тогаш ќе имавме релевантен одговор на вашето прашање – вели тој.

Инаку Гајзер денеска објави нова колумна, во која поставува прашање зошто институциите на ЕУ не поднеле ниту еден институционален извештај за случајот Рекет.

„Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин, напиша Гајзер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.