За случајот е известен јавен обвинител.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 16:36

Инцидент во женскиот затвор во Скопје

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Инцидент во женското одделение во казнено поправниот дом во Идризово во Скопје.

Рано утрово во 02.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 01.30 часот, во женското одделение во Казнено-поправната установа Идризово, физички била нападната М.К.(45), вработена во установата од страна на Џ.Д.(39) од Охрид, која издржувала казна затвор..

За случајот е известен јавен обвинител.

Хаос во женскиот затвор во Идризово

КПУ Затвор Скопје – Скопје е изграден во 1968 година. Во КПУ Затвор Скопје – Скопје се извршува казна затвор во траење до 3 години за примарни осудени лица и лица казнети за прекршок, како и казна затвор до 6 месеци спрема осудени лица за кривични дела извршени во поврат. Со оглед на сложеноста и обемот на работите а во функција на извршувањето на санкциите се организираат сектори и одделенија.

Правила за осудени лица

Прием на осудено лице се врши секој работен ден во рамките на работното време на установата. Осуденото лице кое е спроведено од страна на припадници на
Министерството за внатрешни работи или е преместено од друга казненопоправна установа може да се прими на издржување на казна затвор и надвор
од работното време на установата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести