Компанијата „Про агенс“ која е во сопственост на Павле Гацов, советникот на министерката задолжен за даночни политики од доаѓањето на СДСМ на власт па наваму од државни институции како тендери добила набавки во вредност од 3.249.714 денари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 ноември, 2019 15:58

ИСТРАЖУВАЊЕ: Советникот на Нина Групер ќарил 3.2 милиони државни пари од тендери!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директен конфликт на интерес во кабинетот на министерката за финансии Нина Ангеловска – открива истражувањето на „Економски Лидер“.

Советникот на Нина Групер ќарил 3.2 милиони државни пари од тендери!

Компанијата „Про агенс“ која е во сопственост на Павле Гацов, советникот на министерката задолжен за даночни политики од доаѓањето на СДСМ на власт па наваму од државни институции како тендери добила набавки во вредност од 3.249.714 денари.

Гацов во јавноста беше познат по тоа што ги бранеше политиките за воведување на прогресивен данок, а сега е во кабинетот на министерката која повторно го врати рамниот данок.

Во прилог, „Лидер“ изготви графикон за тоа колку пари од која институција добил советникот Павле Гацов, кој како советник ги распоредува а како бизнисмен ги прима државните пари.

Инаку денеска коментирајќи ја одлуката за поништување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок, Министерката за финснансии Нина Ангеловска посочи дека сивата економија во државата е 38% од целата економија, согласно меѓународни извори.

Според оваа бројка треба да бидеме крајно загрижени, бидејќи само пред една година согласно проценките на Светската Банка ОЕЦД 25% од економските активности се одвивале во зоната на сивата економија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести