Во пресрет на денешниот големиот празник Рамазан Бајрам екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија рачно и машинско миење на дворовите на поголемите исламски верски објекти во Скопје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 мај, 2021 12:13

ИСЧИСТЕНИ ДВОРОВИТЕ НА ПОГОЛЕМИТЕ ИСЛАМСКИ ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ИСЧИСТЕНИ ДВОРОВИТЕ НА ПОГОЛЕМИТЕ ИСЛАМСКИ ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ

Во пресрет на денешниот големиот празник Рамазан Бајрам екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија рачно и машинско миење на дворовите на поголемите исламски верски објекти во Скопје.

Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило – ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и други.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, на сите муслимански верници денеска им го честиташе претстојниот празник и изрази надеж дека верниците ќе прославуваат одговорно и внимателно согласно со протоколите и препораките за заштита од Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.