Џузепе Конте потенцираше и дека Италија е безбедна земја за туризам и покрај избувнувањето на епидемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 19:36

Италија е безбедна за туризам- се огласи премиерот за коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска италијанскиот премиер, Џузепе Конте рече дека мерките за спречување на епидемијата на коронавирус во Италија наскоро ќе дадат резултати. Тој во своето обраќање упати пофалби за работата на здравствената служба во земјата.

До сега 11 града во италијанските области Ломбардија и Венето со околу 50 илјади жители се во карантин. 

 

– Убеден сум дека ќе имаме ефект во наредните денови, истакна Конте пред новинарите, додавајќи дека здравствената служба на Италија е меѓу најригорозните и најефикасните во светот.

Џузепе Конте потенцираше и дека Италија е безбедна земја за туризам и покрај избувнувањето на епидемијата.

– Италија е безбедна земја за патувања и туризам, можеби побезбедна од многу други, рече Конте.

Во Италија досега се пријавени повеќе од 280 пациенти со коронавирус и седум смртни случаи.

На социјалните мрежи можеа да се забележат и многу фотографии од празни супер маркет, кои покажуваат дека луѓето исплашени од коронавирусот за да не излегуваат од своите домови, купуваат на големо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.