За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 9:46

Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По рекордните бројки на новозаразени со Ковид-19 во изминатите денови, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи.

Бројката на починати достигнати скоро 800 лица. Бројката на новозаразени во едно деноноќие достигна до повеќе од 20 проценти од тестираните.

Се бележат црни рекори.

Дали Филипче е свесен за ова? Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните?

Заболените од КОВИД -19 нема ниту каде, ниту кој да ги лечи.

Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде. Мединцинскиот кадар со кој и онака се кубури земјава, почнаа да га напуштаат јавните здравтствени установи.Филипче очигледен воопшто не е загрижен за ситуацијата. Филипче ги остави граѓаните сами на себе.

За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести