Како и Уставниот Суд на Република Македонија, грчкиот Државен совет ја отфрли жалбата на група локални и странски „македонски здруженија“ за поништување на Преспанскиот

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 5:58

И Грчкиот Државен совет ја одби жалбата за Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Највисоката правосудна истанца во Грција се произнесе за Преспанскиот, исто како и Уставниот суд на Република Македонија.

Грчкиот Државен совет ја отфрли жалбата на група локални и странски „македонски здруженија“, кои повикаа на поништување на Преспанскиот договор за името меѓу Република Грција и Република Македонија.

Највисокиот административен суд во Грција рекол дека договорот не може да биде предмет на судска ревизија, бидејќи се однесува на надворешната политика.

Државниот совет на Грција соопшти дека Договорот, заедно со писмото потпишано од поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, „сами по себе претставуваат акти на политичко раководење во областа на надворешната политика и се директно поврзани со раководењето на меѓународните односи на земјата“.

Затоа, „тие се однесуваат на владата и не подлежат на поништување од Државниот совет“, се вели во одлуката на грчкиот Државен совет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.