Со прифќањето на амандман 33, не се менува само името на државата, туку ги добиваме и Северно Македонска Православа Црква но и Северно Македонска Академија на науките

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 9:33

И МПЦ – ОА, НБРМ и МАНУ се преименуваат согласно амандман 33

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вчера на собраниската комисија за уставни прашања помина амандман 33 т.е. амандманот со кој зборот (иако е именка) Република Македонија се заменува со зборот “Северна Република Македонија” во сите членови, освен во член 36.

Согласно Преспанскиот договор, не се менува само именката туку и придавките и додавките, па така националните институции стануваат Северно Македонски.

Имено најбрутален упад ќе биде оној во канонските закони на Македонската Православа Црква – Охридска Архиепископија, која е спомната во Уставот, заедно со Народна Банка на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите.

Имено Амандман VII вели:

1. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.

2. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 19, а со точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Македонија. 

Претходно во член 19 стоеше:

Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

И овие промени се уредени во Преспанскиот договор, во член 1, став 3, точка ѓ, каде стои:

Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“. Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавката во однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7, став (3) и став (4). Употребата на придавката за активности може да биде во согласност со член 7, став (3) и став (4). Ова не влијае на процесот воспоставен според член1, став 3 (ж) и на постојните сложени имиња на градовите на датумот на потпишување на оваа спогодба. 

Во член 7, став 3 стои:

Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). 

Но оваа правна недореченост ќе се регулира по ревизијата на она што е историја, култура и наследство на новата држава, процес кој е започнат но не е и завршен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести