За ВМРО - ДПМНЕ и по 125 години од формирањето на Македонската револуционерна организација, борбата трае, овој пат за спас на името и Македонски идентитет

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 15:01

И по 125 години трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ВМРО – ДПМНЕ, како идеолошки наследник на Македонската револуционерна борба, денес го празнува 23 октомври, при што од партијата упатија проглас дека борбата за самоопределување и самоидентификација и по 125 години сеуште трае.

Од ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение се огласуваат:

Денес по 125 години македонска борба за самобитност, слобода и право на самоопределување, Македонците во Република Македонија се соочуваат со истите историски предизвици. И денес борбата извира од љубовта кон Македонија и таа е основата која поврзува сите овие години, не правејќи разлика по ниеден друг основ. И денес трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација. – се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

И денес оние кои покажуваат љубов кон Македонија, кон татковината, кон традицијата, кон македонскиот идентитет се жртви на геноциден режим кој затвора и цензурира интелектуалци, политички неистомисленици, уметници, патриоти. 

Денес македонската борба е соочена со предизвик од капитулантска инсталација на власт креирана од домашни квазиполитичари и мафијашки структури предводени од Зоран Заев. Денес марионетската капитулантска инсталација на власт знае дека продажбата на светото име Македонија, македонската посебност и идентитет, нема да ги спасат. Ниту криминалот создава правна држава ниту капитулацијата е европска вредност. – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека денес оваа марионетска капитулантска мафијашка тројка е на патот кон буништето на историјата.

Денес ВМРО – ДПМНЕ чекори по патот долг 125 години, без багажот на предавствата на идеалите. ВМРО извира од народот и од Македонија. ВМРО – ДПМНЕ останува со народот кој што јасно порача НЕ на капитулацијата. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести