По судијката Кацарска и судијата Ставрев дели казни за адвокатите на одбраната

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 12:16

И судијата за “Титаник 2” казнува адвокати на одбраната

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судот донел решение адвокатот Дангов да биде казнет според членот 361 и членот 88 од Законот за кривична постапка заради навреда на Судот.

Судијата Огнен Ставрев не кажа колкава е висината на казната. Членот 88 од ЗКП предвидува казна во висина од 200 до 1.200 евра за навреда на Судот.

Обвинетиот Срцев го повлече полномошното кое му го даде претходно на адвокатот Љупчо Шврговски да биде негов бранител бидејќи Дангов дојде на рочиштето.

Прва сведочи поранешната членка на Државната изборна комисија Виолета Дума.

Од петте сведоци на СЈО за овој случај на денешното рочиште не е присутна Павлинка Динева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести