Владата со вториот тендер за само 8 месеци има испиено кафе во вредност од 4.000.000 денари или 65.000 евра а град Скопје за над 20.000 евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 8:08

И Шилегов ќе пие кафе но само за 10.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По Владата и Град Скопје со тендер за набавка на  кафе за астрономска сума на пари.

По примерот на Владата и Град Скопје ќе набавува кафе за голема сума на пари. На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Град Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на разни видови кафе со вредност на договорот од 648.169 денари или нешто на 10 илјади евра.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов проценил дека сразмерно од 45.000 евра на владата тој пие 4 пати помалку кафе од таа институција?

Имено Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија преку електронскиот систем за јавни набавки објави тендер за набавка на кафе а проценетата вредност на “зделката” изнесува  неверојатни 2.700.000 денари односно 45 илјади евра. Ова е втора набавка на оваа ставка годинава на Владата откако претходно во јануари СОЗР има набавено кафе во вредност од 1 милион денари или за осум месеци Владата купува кафе во вредност од околу 4 милиони денари или над 65.000 евра

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести