Ако пиеме кафе со шеќер, тоа се додава во ладна вода. Кафето се сервира на местото каде што ќе се пие, а по сипањето во шоља потребно е малку време да се “смири”, за да дојде до израз аромата.

Објавил: admin@magazin | 22 јули, 2019 20:31

Како дома да подготвиме свежо мелено кафе, во кое максимално ќе уживаме!

Фото/Текст извор: ©nedeljnik.rs

Пиењето кафе особено првото утринско е посебно искуство, и најчесто момент кој сакаме да си го посветиме себеси.

Секој човек што пие свежо мелено кафе, си има свој начин на подготовка и ако тој му одговара не треба да го менува, бидејќи тоа е неговиот момент.

Во прилог неколку совети за да кафето биде поубаво, а задоволството поголемо:

важно е водата да биде што потешка, да се користи емајлирано џезве, бидејќи во него водата побрзо се загрева, а што спречува водата да омекне. Исто така, подобро е да користат помали џезвиња, доволни за едно или две кафиња.

Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста за враќање на ракот на дебело црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажуваат резултатите од американското истражување. Сите пациенти во текот на клиничкото истражување имаа хирушки зафат и хемотерапија поради рак на дебелото црево во трет стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните јазли во близина на туморот.

Водата треба да се загрее, но не и да преврие, бидејќи така ќе се расипе вкусот на кафето. Потоа џезвето се трга од шпорет, и во него се додава потребната количина свежо мелено кафе-една лажичка или две по шоља, во зависност од личниот вкус.

Кафето потоа добро се меша, се враќа на плотната, и кога ќе се подигне, подготовката е готова. Ако пиеме кафе со шеќер, тоа се додава во ладна вода. Кафето се сервира на местото каде што ќе се пие, а по сипањето во шоља потребно е малку време да се “смири”, за да дојде до израз аромата.

Ритуалот на пиење кафе, освен што ни дава енергија за почеток на денот, зборува многу и за нас и за културата на земјата од која сме. Традиционалното домашно кафе е културното наследство на сите луѓе на овие простори кои уживаат во кафето.

Во Македонија, кафето во никој случај не може да се подготви и испие на брзина.

Кафето е пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс – кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година.

Прво, тоа е ритуал кој започнува со самиот чин на подготовка на кафето, чекајќи водата да зоврие. Исто така, кафето кај нас се пие во кое било време, и претставува чин на гостопримство кога некој ќе дојде на гости, прво да му се понуди кафе. Во суштина ние сме навистина дружељубиви луѓе, а кафето кое се пие брзо, во неколку потези, не остава простор за се она што е поврзано со пиењето кафе, а тоа е разговорот и заедничките моменти.

Советите се од Илија Ѓуриќ, професионален кафе-дегустатор на Гранд Кафе, единствениот во овој регион со експертиза повеќе од 20 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.