Бизнисменот во судницата посочи дека се му било јасно кога дознал дека е под ПИ мерки и вели дека тоа му го кажа адвокатот Васил Димишков кој од него побара 100.000 евра ако сака да соработува со ОЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 11:24

Камчев : „На обвинителнава клупа треба да има многу повеќе лица, не само Катица и Боки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јордан Камчев денеска рече дека на обвинителната клупа не треба да седат само Боки и Катица, туку треба да има и други луѓе, но дека тоа не е негова работа, пишува ТВ21.

„Ќе потврдам, дека во исказот што го слушнавме на Стефанова и Чифлиганец, дека немало средба, средбата е одржана во стан во зградата кај што живее Стефанова, во стан, и тука е разговарано. Тоа лично ми го кажал Чифлиганец. И не се само овие луѓе, тука на обинителка клупа треба да има и други луѓе, но тоа не е моја работа“, рече Камчев.

Јордан (Орце) Камчев (р. 24 јули 1970 во Скопје) — македонски стопанственик и претседател на Фондацијата „Илија Камчев“Претседател e на одборот на директори на „Аџибадем Систина“, извршен директор на „Орка Холдинг“
Во деведесите години Камчев е потпредседател на подмладокот на СДСМ. На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСН во една од скопските изборни едеиници. Изборите ги губи од Данило Глигоровски (ВМРО-ДПМНЕ). Потоа го напушта активниот ангажман за СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.
Во истиот период неговиот татко е високо позициониран во ВМРО-ДПМНЕ.Орце Камчев, најпрво дал поткуп да не биде кривично гонет зашто наводно немал кај да пријави, а потоа стекнал доверба во премиерот Зоран Заев и кај него пријавил. Тоа го сторил откако поткупот покажал ефект и пасошот му бил вратен.

Бизнисменот во судницата посочи дека се му било јасно кога дознал дека е под ПИ мерки и вели дека тоа му го кажа адвокатот Васил Димишков кој од него побара 100.000 евра ако сака да соработува со ОЈО.

– Тој ми велеше како да сме на пазар за секоја услуга која ми ја нудеше, имаше цена. Од моја страна по неколку дена понудата беше одбиена. Тука се двајцата режисери во судница. Од Јовановски добив да соработувам во неколку проекти и да платам за реклама во телевизијата. Во август лани тој стапи во контакт со мене. Јас се согласив за реклама од 50.000 евра, но понудата за него била потценувачка и рекол дека за тие пари тој не разговарал. Во мојата канцеларија дојдоа Боки 13 и Милески да разговараме за фешн молови. Ми покажа некои документи. Го слушав и сфатив дека тоа е нереална приказна. Но, за жал не ја сфатив неговата улога. Локацијата за тој фешн мол требаше да биде спроти “Асиба”. Требаше да платам 4 милиони евра според договорот. Го загледав зачудено. Сакав културно да го откачам. Ми покажа документ во кој беше потпишан синот на Катица Јанева. Три дена подоцна и оваа понуда ја одбив мислејќи дека ја злоупотребува Јанева – рече Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести