Видеото е снимено во домот на Камчев, а снимен е и разговор во кој наводно се гласовите на Бојан Јовановски и на Камчев.

Објавил: admin@magazin | 8 август, 2019 12:56

КАРАКАМИШЕВА: “Кои рекетарски и мафијашки копита те газат мила наша Македонијо- тажно, многу тажно”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Професорката Тања Каракамишева распали на социјалните мрежи, веднаш откако италијанскиот весник „La Verità“ објави видео за кое велат дека е снимено во домот на бизнисменот Орце Камчев и го покажува исплаќањето на милионскиот рекет за кој во притвор се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Видеото е снимено во домот на бизнисменот Орце Камчев, а снимен е и разговор во кој наводно се гласовите на Бојан Јовановски и на Камчев.

Професорката по уставно право Тања Каракамишева, објави Фејсбук статус по повод објавената снимка која ја објави италијанскиот весник каде  го покажува исплаќањето на милионскиот рекет за кој во притвор се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Каракамишева напиша дека ова е добра основа за почеток на преговорите со ЕУ и дека Македонија блеска на европско ниво.

Блескаме на европско ниво.
Добра основа за почеток на преговорите со ЕУ!
Ајде Зоране, можеш ти и подобро!

Не знам чие е авторството на мислата “Кои копита те газат мила наша Македонијо” ама еве упатувам јавно барање за нејзино проширување и надградување во “Кои рекетарски и мафијашки копита те газат мила наша Македонијо….тажно, многу тажно”!
ЌЕ СЕ НАЈДАТ ЛИ ЈУНАЦИ ЗА СПАС?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести