Договорите за добрососедство со Бугарија и Грција донесоа многу нешта, но не добри соседи, по притисокот за промена на името, и двете земји најавуваат вето при приемот во НАТО

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 6:16

Каракачанов најави вето за Македонија во НАТО, Каменос заинтересиран за идејата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Колегите на Радмила Шекеринска, бугарскиот министер за одбрана Крадимир Каракачанов и грчкиот Панос Каменос, со најави дека можно е да стават вето при приемот на Македонија во НАТО, било таа да е Северна или не.

И официјално на оваа тема се огласи Каракачанов, кој колку и да миноризира е актуелен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Ако Македонија не го смени своето однесување, нема да гласам за нивен влез во ЕУ и НАТО. – изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова.

Тој вели дека во комисијата која се состанува за решавање на контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост.

Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО.

Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка. заклучи Каракачанов.

На иста линија на расмислување е и неговиот грчки колега, Панос Каменос, иако дипломатски извори лиферуваат со информациите дека во случај државата да го смени името, тогаш можно е вето во НАТО од Турција но и Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.