На сите обвинители во СЈО им претстана мандатот, а само Катица остана без работа

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 16:08

Катица остана без работа, еве каде се враќаат и останатите обвинители од СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин

Се чини полека завршува ,,сагата” со Специјалното Јавно Обвинителство, популарното СЈО. Обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нема да се врати таму каде сега шефица е Вилма Русковска, туку во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела.

Тоа е одлучено на денешната седница на Советот на јавни обвинители.

– Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година – изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.к

Останатите обвинители, ќе се вратат во обвинителствата каде работеа пред да се префрлат во СЈО. Најмногу од нив ќе завршат во скопското обвинителство: Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Бурим Рустеми, пак, ќе биде обвинител во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, а Стевно Донев во Кочани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести